Сопственикот на „Беса Транс“: Секогаш кога патувавме патниците ги сметавме за фамилија

од Vladimir Zorba

Сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, се прости од загинатите во несреќата на автопатот Струма во Бугарија и им изрази сочувство на нивните семејства. Во трагичната несреќа загинаа 45 граѓани кои патуваа од Истанбул за Македонија.

„Господ да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро закрепнување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Бога и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира“, напиша Хаџиу на Фејсбук.

Слични содржини