Јапонската компанија ја претстави стратегијата Vision 2030, која има за цел да ги забрза плановите за електрификација, што ќе биде помогнато со инвестиција од 2 трилиони јени (15,6 милијарди евра) во следните пет години.
Во следните девет години, Nissan ќе претстави 23 нови модели, од кои 15 ќе бидат целосно електрични. Компанијата сака барем половина од нејзината глобална гама возила на Nissan и Infiniti да биде електрифицирана до 2030 година.
Во следните пет години ќе бидат претставени вкупно 20 електрични и хибридни модели, а Nissan сака да го зголеми уделот на електрифицираните модели во продажбата до 2026 година, на повеќе од 75 отсто на европскиот пазар.
Покрај плановите за нова фабрика за батерии во Јокохама, Nissan претстави неколку концептни модели кои најавуваат идни електрифицирани автомобили, а концептите беа наречени Chill-Out, Max-Out, Surf-Out и Hang-Out.
Целта на компанијата беше да покаже дека електрифицираните модели ќе бидат достапни во сите можни форми на каросеријата, така што овие четири концепти сочинуваат SUV, кабриолет, кросовер и пик-ап модел.
Покрај електрифицираните погонски системи, Nissan планира да ја воведе својата технологија ProPILOT во повеќе од 2,5 милиони возила Nissan и Infiniti до 2026 година. Компанијата сака да ја подобри својата технологија за автономно возење, а нивните очекувања се дека секој нов модел од 2030 година ќе има LIDAR систем, кој овозможува возење без возач.