Двокатен автобус на ЈСП Скопје се запалил вечерва во скопскта населба Аеродром, поточно на булеварот „Трета македонска бригада“, во близина на бензинската пумпа на „ОКТА“.
Противпожарната бригада интервенирала со едно возило и го изгаснала пожарот кој се појави во задниот дел на автобусот.
Според информациите, нема повредени лица во пожарот.