Претпладне облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе преминуваат во снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина. Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи постепено разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната 3 од 9 степени.
Во Скопје наутро променливо облачно со повремен дожд кој во повисоките делови од котлината ќе преминува во снег. Потоа облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќва и утре претпладне ќе дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Поради разведрувањето во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.
Забрана за ТТВ на Маврово-Дебар, Ѓавато и патот за Попова Шапка
Од 06.35ч се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар
На планинскиот премин Ѓавато воведена е забрана за тешки товарни возила во 00:30ч.
На патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка од 22:00ч. воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.