Ангелов: Во СДСМ пред изборите се наметнуваше еуфорија, но јас имав поинаква перцепција

од Берта Китинска
257 прегледи

Оставката на Заев  за мене беше неочекувана, тој битката за град Скопје ја направи да се биде или не. Непотребно беше сето тоа. Во политиката нема место за емоции, таа е сурова професија. Не верувам дека се работи за емотивна одлука која Заев ја донел вечерта на изборите. Анкетите беа погрешни, резултатите беа шокантни. Во СДСМ се наметнуваше еуфорија, но јас имав поинаква перцепција,  вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК во „Студио 10“ .

Тој вели дека oд Достоинство на премиерот му понудиле тој да биде дел од кандидатите за градоначалник на Аеродром.

-Пред изборите неколку месеци по предлог на Достоинство, му понудивме на премиерот јас да бидам кандидат за градоначалник на општина Аеродром и да ме стават на анкетните мерење.Но, свени бевме дека ќе има промена за градоначалничката функција во оваа општина. На анкетните  победи кандидатот од СДСМ .Подобро што не се кандидирав затоа што  предходниот градоначалник направи толкава штета што ќе треба време  да се поправи, вели Ангелов.

Слични содржини