Германскиот печат за изборот на Меси: „Скандалозно“

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Германскиот печат испрати лавина критики за изборот на Лионел Меси за добитник на „Златната топка“.

Повеќето од нив одлуката Аргентинецот да стане лауреат по седми пат ја оценија како „скандалозна“.

Весникот „Билд“ го постави прашањето „Зошто повторно Меси?“.

„Ова е скандалозен избор. Голгетерот на Баерн со години испорачува титули и голови. Тој ја освои тројната круна во 2020 година, но немаше среќа бидејќи церемонијата не се одржа поради пандемијата на коронавирус. Дури и Меси призна дека очекувал да изгуби“, пишува „Билд“.

Истиот весник во посебен коментар наведува дека стравува дека ќе има многу повредени во Минхен и околината од „силно вртење на главата во неверување“ од одлуката повторно да се награди Меси.

„Зошто не Пеле? И тој е добар“, беше ироничен заклучок во колумната на германскиот дневен весник.

Со сличен тон пишуваат и други медиуми, а во својот подкаст одлуката на „Франс Фудбал“ ја критикуваше и играчот на Реал, Тони Крос.

„Апсолутно незаслужено ја доби Меси. Нема сомнеж дека Меси или Роналдо беа играчи на деценијата, но оваа година други беа пред него“, изјави Крос, кој своевремено играше за Баерн.

Слично мислење има и Икер Касиљас, легендата на Реал.

„Многу ми е тешко да верувам во фудбалски награди. Меси е еден од најдобрите, но мора да се знае кој е најдобар на крајот од сезоната. Не е толку тешко“, заклучи Касиљас.

Слични содржини