Хорор во „Лидл“ во Сплит: Избодена продавачка пред муштерии

од Nikola Popovski
493 прегледи

Жена која била нападната во еден од супермаркетите „Лидл“ починала денеска во болница во Сплит.

Според информациите на „Слободна Далмација“, жената била избодена со нож во продавницата, а како што неофицијално се дознава, напаѓачот е поранешен нејзин љубовен партнер, кој набрзо бил фатен од полицијата.

Од сплитско-далматинската полиција соопштија дека добиле пријава за напад и дека се работи на утврдување на околностите на нападот.

Неофицијално се дознава дека мажот очигледно ја нападнал жената пред голем број муштерии. „Ја избоде неколку пати, изјавувајќи нејасни работи“, изјавил еден шокиран очевидец.

Според весникот, поради бројните убоди со нож полиците и подот биле облеани со крв, а од она што тој го викал било констатирано дека наводно се работи за поранешен нејзин љубовник.

Напаѓачот бил совладан од обезбедувањето со помош на неколку муштерии кои го фрлиле на подот.

Напаѓачот, наводно, се обидел да се избоде и себеси.

Слични содржини