Рецепт: Кокосова каша со јаткасти плодови

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Топла каша од кокос, за ладни есенски утра.

Состојки:

– 2 лажици кокосово брашно

– 2 супени лажици ленено семе

– 3/4 шолја вода (шолја 2дл)

– прстофат сол

– 1 изматено јајце

– 2 лажици путер

– 1 лажица слатка павлака или кокосово млеко

– 1 лажица кафеав шеќер

Подготовка:

Во мал лонец ставете кокосово брашно, мелено ленено семе, прстофат сол и вода.

Промешајте и ставете на шпорет на средна топлина. Мешајте додека не почне да се згуснува.

Лонецот тргнете го од шпоретот, па полека со постојано мешање додајте го изматеното јајце.

Вратете се на шпоретот и варете со мешање додека не се згусне кашата.

Се трга од шпорет и се меша околу половина минута, па се додава путерот, павлаката и шеќерот.

Сервирајте во сад, а потоа додадете суво овошје, јаткасти плодови, мед, по ваш избор.

Послужете топло.

Пријатно!

Слични содржини