Мерката е добро замислена и реално може да се спроведе и матичните лекари треба да се свесни колку е битно да се вакцинираат пациентите.Еднократната финансиска поддршка ќе се даде на почетокот на летото, вели министерто за здравство Венко Филипче.
Во однос на задолжителната вакцинација за здравствените работници министерот рече дека засега нема да се спроведува, затоа што, како, не се знае како евентуално би се реализирале казните.
Како што истакна тој, затворање и нови рестрикции во земјава не се планирани, но не се исклучени.
-Не е опција карантин, но не знаеме што може да се случи. Затоа мора да се спроведе опфатот со вакви апели. Не е исклучено вакцината да биде задолжителна, но затоа преку овој метод со матичните лекари, посакуваме да се зголеми бројот на вакцинирани граѓани, кажа Филипче.