Откако во средата претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека треба да се размислува за воведување задолжителна вакцинација, вечерва се огласи и хрватската влада. Велат дека ставот за задолжителната вакцинација е веќе познат и додаваат дека за тоа се уште официјално не се разговарало на ниво на ЕУ.
– Во Хрватска вакцинацијата е на доброволна основа и веќе јасно соопштивме дека не се планира да се оди во насока на задолжителна вакцинација. Владата обезбеди доволно дози вакцина и секој може да се вакцинира бесплатно, безбедно и кога сака и да се заштити од Ковид-19, вели министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош и додаде:
– Задолжителната вакцинација полека станува тема во некои земји од ЕУ, но засега не е веројатно во Хрватска. Дали тоа ќе стане наше сценарио во иднина, не верувам дека ќе се случи, а ќе зависи од епидемиолошката состојба и од нашето придржување до конкретни и општи антиепидемиски мерки.
Иако во Хрватска има континуитет на високи бројки, во последните денови се бележи благ пад на новозаболените, што дава надеж за дополнително подобрување на епидемиолошката слика.