Гутереш го спореди затворањето на границите со апартхејд: „Неправедно и неефикасно“

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во средата рече дека затворањето на границите поради „омикрон“ варијантата на коронавирусот е „длабоко неправедно и неефикасно“, нарекувајќи го форма на апартхејд кон Африка.

„Со вирус кој не познава граници, ограничувањата за патување што изолираат земја или регион не само што се длабоко неправедни и казнени, туку се и неефикасни“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека смета дека е „скандалозно“ да се осуди Африка затоа што не била вакцинирана.

Осврнувајќи се на Јужна Африка, која сигнализираше појава на варијантата „омикрон“ на 24 ноември, што ги наведе другите земји да ги затворат границите за своите граѓани, шефот на ОН рече дека земјите не треба да бидат „колективно казнети за идентификување и споделување клучни научни и епидемиолошки информации со светот.“

Тоа е „неправедно“ и „неморално“, повтори тој.

„Затоа упатувам силен апел, апел на разумот. Имаме инструменти за безбедно патување. Да ги искористиме тие инструменти за да го избегнеме овој вид на апартхејд, што јас го сметам за неприфатлив“, рече тој.

Африка нема доволно вакцини за своето население, ги нема потребните финансиски ресурси за закрепнување на економијата, ги трпи најтешките последици од климатските промени, иако не придонесе и ги нема потребните ресурси за да изгради отпорност, соопштија Генералниот секретар.

Новата варијанта на коронавирусот наречена омикрон е веќе откриена на сите континенти, но Европа се чини дека е најтешко погодена и почна, како и другите земји во светот, да ги заострува мерките и да воведува гранични контроли и да забранува доаѓање на патниците од јужна Африка.

Слични содржини