253
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја коментираше изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која ја спомена можноста за задолжителна вакцинација во ЕУ.
„Мислам дека ова е многу лош пат по кој одат испаничени и кусогледи политичари. Не сум традиционалист или конзервативец, но во обидот да се контролира све, гледам пропаст и опасност, истакна Милановиќ.
„Секој иден чекор е чекор кон дистопија. Не велам дека овие луѓе имаат такви намери, но тоа води до тоа и имаат поддршка од нашите политичари кои немаат поим за тоа. Вакцинирајте се, земете бустер доза. Повторувам, Омикрон ќе дојде и ќе си оди. Мирно и без страв“, рече Милановиќ.