Меркел: Можна е задолжителна вакцинација од февруари

од Nikola Popovski
362 прегледи

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел денеска изјави дека луѓето кои не биле вакцинирани нема да можат да влезат во продавниците со неопходни производи, културни и рекреативни објекти, додека парламентот ќе ја разгледа задолжителната вакцинација како дел од напорите за спречување на инфекциите со коронавирус, кои достигнаа 70.000 нови случаи во изминатите 24 часа.

По средбата со лидерите на сојузните држави, Меркел истакна дека мерките се неопходни во светло на загриженоста дека болниците во Германија би можеле да се преоптоварат со пациенти кои страдаат од инфекција со Ковид 19, пренесува агенцијата АП.

„Ситуацијата во нашата земја е сериозна“, изјави Меркел пред новинарите.

Според неа, надлежните се договориле за обврската за носење маски во училиштата и за воведување нови ограничувања за приватни состаноци, како и за целта до крајот на годината да се вакцинираат 30 милиони луѓе. Меркел изјави и дека парламентот ќе расправа за можноста за воведување задолжителна вакцинација, која, според неа, би стапила на сила во февруари.

Околу 68,7 отсто од населението во Германија е целосно вакцинирано, што е далеку под минимумот од 75 отсто што го таргетира владата.

Министерот за финансии Олаф Шолц, кој се очекува да биде избран за канцелар следната недела, вчера изјави дека ја поддржува идејата за задолжителна вакцинација.

Слични содржини