Мојата порака и до Радев и до бугарската влада е дека овој едностран договор, потпишан од политички бегалец, како Зоран Заев, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, нема намера да го почитува. Затоа што ниту учествува ниту знае каков е. Треба да знаат дека немаме намера да го почитуваме.
Ова го рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат М.
Постојат три опции, според него, од кои што две се пореални, а едната е понереална, „но сите три се катастрофални за македонскиот народ и за македонската држава, бидејќи директно сите овие три опции задираат во идентитетот на Македонците“.
– Тоа го видовме од новиот коалициски договор на потенцијалното мнозинство во бугарскиот парламент кој што вели дека основа на договорот е Резолуцијата на Бугарскиот парламент, која што е понижувачка и нема врска со европските вредности, вели лидерот на опозициската партија.
Според него, прва опција е Зоран Заев да потпише некаков протокол со кој што ќе се прифати целосно или делови од Резолуцијата повторно на штета на идентитетот и тука да се апстрахира комплетно одговорноста на парламентот и Уставот.
Втората опција, продолжува тој, е да се потпише договор или протокол 5 плус 1 и ќе нема никаква обврска да се почитува понатаму од нивна страна.
И третата политичко мнозинство во Бугарија да донесе нова помека Резолуција и да ни дозволат са го почнеме процесот на преговори.