Олмо наместо Барса, се сели кај Пеп во Сити?

од Vladimir Zorba
250 прегледи

ИАКО фудбалскиот свет очекува Дани Олмо да се врати во Барселона во јануари, се појавија информации дека тој кариерата би можел да ја продолжи во Англија.

Николо Шира, еден од најсигурните новинари кога се во прашање трансферите, тврди дека Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити сака да го доведе 23-годишниот Олмо.

„Пеп ја сака шпанската ѕвезда на Лајпциг“, пишува Шира, истакнувајќи дека Олмо има договор со германскиот клуб до јули 2024 година.

Пред да тргне по Олмо, Сити планира да го продаде Феран Торес на Барселона. Торес веќе ги договорил условите од договорот со Барселона и останува само Сити и Барселона да се договорат за висината на обештетувањето. Парите од трансферот на Торес, Гвардиола ќе ги вложи во Олмо, тврди Шира.

Германците за шпанскиот репрезентативец бараат 75 милиони евра. Тој минатата година пристигна во Лајпциг од Динамо Загреб за вкупно 22 милиони евра со бонуси и во меѓувреме стана еден од главните играчи на шпанската репрезентација.

Олмо неодамна се опорави од повредата на левиот бутен мускул и за него оваа година е завршена. Играчот ја доживеа истата повреда пред два месеци, па оваа сезона за Лајпциг одигра само шест натпревари.

Сезонава се уште е без гол, а минатата сезона постигна седум со 12 асистенции.

Слични содржини