Постигнувајќи два гола во победата на Манчестер Јунајтед против Арсенал (3-2), големиот португалски мајстор Кристијано Роналдо (36) стигна до неверојатна бројка од 801 гол во официјалните натпреварувања, што на никој во водечките светски лиги не му успеало.
Не постои централна база на податоци за одредување на најдобриот стрелец на сите времиња, но повеќето медиуми наведуваат дека Роналдо е првиот стрелец кој успеал.
Има одредена дебата за неговиот статус како најплоден стрелец во машкиот фудбал бидејќи Бразилците Пеле и Ромарио постигнале над 1.000 голови, но статистичарите велат дека португалскиот напаѓач е на врвот на листата на стрелци во официјалните натпреварувања. Чесите тврдат дека Јозеф Бицан, кој настапуваше во Чехословачка и Австрија, постигнал 821 гол, но тука се вклучени головите на резервниот тим и неофицијалните репрезентативни голови.
Да додадеме дека Лионел Меси постигна 756 гола, од кои 80 за Аргентина, 672 за Барселона и четири во дресот на Пари Сент Жермен.
„Треба само да седнете и да кажете „леле“ и да плескате“, изјави легендарниот англиски напаѓач Ширер за Amazon Prime Video.
„Многу е тешко да се дојде до врвот, но да се остане таму. Едноставно е феноменално тоа што го направи“, додаде поранешниот напаѓач на Саутемптон, Њукасл Јунајтед и Блекбурн.
Поранешниот француски напаѓач и напаѓачот на Арсенал, Тиери Анри изјави дека ќе му бидат потребни „два животи“ за да го достигне рекордот на Роналдо.
„Тој е несомнено еден од најголемите играчи во историјата на играта. Апсолутен феномен“, продолжи Гери Линекер на Твитер.
Роналдо постигна пет гола за Споринг Лисабон, 101 за Јувентус, 130 за Манчестер Јунајтед, 450 за Реал Мадрид и 115 за Португалија.
ЦР7 во кариерата има освоено вкупно 29 клупски трофеи, вклучувајќи пет Лига на шампиони – четири во дресот на Реал Мадрид и еден со Манчестер Јунајтед.
„Тоа може да се случи. Сите знаеме дека тој од година во година се подобрува натпревар по натпревар. Тој сака да остане најдобар и знае како да се мотивира“, изјави неговиот соиграч од Јунајтед и португалскиот тим – Бруно Фернандеш.