Судскиот совет се уште ги нема добиено одлуките на Врховен суд кои се однесуваат на два предмета, а со кои се опфатени тројца судии, и не ја знаеме содржината на образложенијата, односно немаме податок дали се укинати само одлуките за разрешување на судиите или се укинати и решенијата за суспензија, изјави портпаролот на Судски совет, Љубиша Арсиќ, во врска со одлуките на Врховен суд.
Според Законот за судски совет, откако ќе пристигнат одлуките на Врховен суд, а праксата вели дека одлуките стигаат за неколку седмици, постапките за судиите ќе бидат повторени од страна на комисиите формирани во Судскиот совет, а потоа новите одлуки ќе бидат конечни, додава тој.
Жалбениот совет при Врховниот суд расправаше по жалбата на Стојанче Рибарев против одлуката на Судскиот совет, за негово разрешување од судиска функција, донесена на 14-ти јули годинава, пренесе Телма „синоќа“.
На седницата, Советот ja уважи жалбата на Рибарев со што се укинува решението за негово разрешување, соопштиле од Врховниот суд.
Tој беше разрешен поради злоупотреби во електронскиот систем за самостојна распределба на судски предмети, и местење на предмети за висока корупција против поранешни високи функционери. Рибарев направи интервенција по која поранешниот премиер Никола Груевски беше оставен да се брани од слобода. Потоа осуден во случајот „Тенк“, Груевски штотуку требаше да влезе во затвор, избега во Унгарија.