329
Тажна вест со трагичен исход доаѓа од Египет. Тренерот на второлигашот Ал Магд, Адхам Ел-Селдехар почина во четвртокот како последица на срцев удар.
Сето тоа се случи на натпреварот против Ал Зарка, кога неговиот тим го постигна победничкиот гол во 92. минута, а несреќниот тренер емотивно го доживеа и славеше со своите играчи крај аут-линијата.
За жал, тоа предизвикало и срцев удар кај Ел Селдехар, а играчите штом забележале дека е во лоша состојба повикале екипа на Брза помош која веднаш се обидела да го оживее.
Неговите фудбалери го внеле во возилото и итно бил префрлен во клиника во Александрија, но по пристигнувањето можеле само да констатираат смрт.
Адхам Ел-Селдахар имаше само 53 години.