За првпат во државава се инсталираат два апарати за магнетна резонанца со јачина од 3 Tesla

од Vladimir Zorba
338 прегледи

За првпат во јавното здравство, во нашата држава, се инсталираат два апарати за магнетна резонанца со јачина од 3 Tesla, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

На овие апарати, вели тој, ќе се прават најсовремени снимки со што ќе се овозможи најпрецизна дијагноза за многу болести кај наши пациенти.

Еден од модулите за дијагноза, посочува Филипче, го нема ниту во центрите во регионот.

„Во ЈЗУ Универзитетски Институт за радиологија во Скопје традиционално се дијагностицираат најкомплексните состојби во медицината кај нас. Со новите апарати капацитетот на Инстиутот ќе се зголеми за 50%, а пациентите повеќе нема да чекаат“, изјави министерот.

Слични содржини