Ќе се прераспределуваат средства за справување со енергетската криза

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, со заклучок таа да биде доставена на усвојување на Собранието на Република Северна Македонија.

Целта на предложената Одлука е обезбедување на средства за справување со енергетската криза, финансиска поддршка на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост погодени од кризата (ЈП „Македонски шуми”, АД „Водостопанство”, АД „Еурокомпозит”, АД „Македонски шуми”, АД „Македонска пошта”), набавка на COVID вакцини, подмирување на обврски за заштита на населението од HIV, набавка на метадон и бупренорфин за лица со болести на зависности, обврски кон ЈЗУ задолжени за лекување на лица со болести на зависности, побарувања по основ на партиципација за осигурени лица, набавка на лекови за ретки болести, обврски кон ФЗОМ за целосно здравствено осигурување, плаќање на обврски согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Програмата за рибарство и аквакултура, плаќање на времени ситуации за Брана „Конско”, Брана „Речани” и ХС „Равен Речица”, ХС „Злетовица”, средства за затворање на проектот Јужновардарска долина, експропријација за Брана „Речани” и ХС „Равен Речица”, компензирање на трошоците при давање на услугата од јавен интерес во железничкиот превоз на патници, реализација на проектот Ф/П за домување на социјално ранливи групи, обезбедување на средства за подмирување на платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 година, дообезбедување на средства за стипендии и студентски домови, дообезбедување на средства за финансиска поддршка на инвестиции (домашни компании), дообезбедување на средства за уредување на ТИР зоните и исплата на државна помош, дообезбедување на средства за набавка на меркантилна пченица за стоковите резерви, како и дообезбедување на средства за подмирување на тековните приоритетни обврски на одредени буџетски корисници.

Слични содржини