Нова истрага против Болсонаро, истакнал дека вакцинираните добиваат СИДА

од Nikola Popovski
388 прегледи

Врховниот суд на Бразил нареди истрага против претседателот Жаир Болсонаро поради наводите дека луѓето вакцинирани против коронавирус се поподложни на СИДА.

Болсонаро даде невистинити тврдења во видео-порака на неколку платформи на социјалните медиуми во октомври. Поради тоа Фејсбук и Јутјуб привремено го суспендираа.

Судијата на Врховниот суд Александар де Мораес започна истрага како одговор на барањето на парламентарната комисија на земјата што го истражува одговорот на владата на Болсонаро на разорната пандемија на коронавирус, се вели во соопштението од официјалниот Твитер профил на судот.

Болсонаро е критикуван дома и во странство за минимизирање на вирусот и обесхрабрување на луѓето да се вакцинираат, и покрај тоа што е еден од најпогодените во светот од коронавирусот.

Собраниската комисија имала пристап до документите кои покажуваат дека владата игнорирала најмалку 81 понуда на вакцината Фајзер минатата година, пишува CNN.

Да потсетиме, Болсонаро е единствениот претседател на Г20 кој тврди дека не е вакциниран. И покрај тоа, и бразилското доцнење во започнувањето на програмата за вакцинација, 60 отсто од населението во земјата е целосно вакцинирано, покажуваат податоците на бразилското Министерство за здравство.

Слични содржини