Ријана полуде по објавите за бременост: Ме размножувате секоја година!

од Nikola Popovski
316 прегледи

Пејачката Ријана со години е мета на гласини дека ќе стане мајка, а тоа е повторно случај откако фотографиите на кои нејзиниот стомак изгледа поголем од вообичаено го обиколија светот.

Веста одекна во медиумите и на социјалните мрежи, а една обожавателка по име Џен по тој повод и испрати порака на Ријана на Инстаграм.

„ Вистина или не, твоето бебе ќе биде преубаво. Со нетрпение чекам да се породиш“, и рекла таа на пејачката, а Ријана одговорила:

„Хааа! Доста! Ме размножувате секоја година, по ѓаволите“.

Ова е шеста година по ред како ја читаме веста дека пејачката е бремена, со што и официјално стана единствената жена на светот која е постојано бремена – се пошегуваа фановите на социјалните мрежи.

Фото: Ian Vogler / MirrorPix / Profimedia

Слични содржини