Се користи ли кокаин во британскиот парламент?

од Nikola Popovski
225 прегледи

Претседателката на Долниот дом на британскиот парламент, Линдзи Хол, вети дека обвинувањата дека во зградата на парламентот била употребена дрога ќе бидат проследени до полицијата, која ќе го испита. Тaa истакна дека извештајот на „Сандеј Тајмс“, во кој се наведува дека траги од кокаин биле пронајдени во неколку тоалети во зградата на парламентот, е „многу загрижувачки“, пренесе Би-Би-Си.

-Оние кои се потсмеваат на законот ќе се соочат со казни, рече Хол.

Аферата изби кога се очекува владата во понеделник да одлучи да инвестира 700 милиони фунти во следните три години во борбата против зависноста од дрога.

Во текстот на „Сандеј тајмс“ се наведува дека тестовите на кокаин биле потврдени во 11 од 12 тоалети во зградата на парламентот. Се додава дека Комисијата на Долниот дом, која управува со зградата, ја разгледува можноста да им дозволи на кучиња обучени да најдат дрога, да ги препознаваат корисниците.

-Многу е вознемирувачко обвинението дека во парламентот била употребена дрога, што ја изнесе „Сандеј Тајмс“ и како приоритетна задача ќе ја проследам до полицијата. Очекувам да видам целосна и ефективна примена на законот, рече Хол.

Максималната казна за поседување дрога од класа А, во која спаѓа и кокаинот, во Велика Британија е до седум години затвор или парична казна, а можни се и двете казни.

Фото: UK Parliament/Flickr

Слични содржини