Симовски: Зголемената миграција во земјава прави дупки во демографска пирамида која денес личи на дрво

од Берта Китинска
429 прегледи

Во моментов следи фазата од пописот која што се работи во нашата институција, обработка на пописниот материјал, изјави за Утрински брифинг Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

Симовски  вели дека вкупната бројка од над 1.800000 попишани граѓани покажува дека има зголемена миграција во изминатиот 20 годишен период.

-Кога има иселување од државата двојно се губи, прво жива сила, заминуваат и не придонесуваат во развојот на државата, а второто е дека се губи и оној потенцијал за наталитет. Во најголем дел мигрантите се млади луѓе кои го носат со себе и природниот прираст и влијаат индиректно и на бројот на раѓањата, тоа влијае врз промените во старосната структура. Се прават дупки во таа демографска пирамида и таа денес повеќе личи на дрво отколку на пирамида бидејќи подножјето е многу помало и имаме првичен столб кој фактички треба да се полни да е многу мал. Тоа значи пореметување на соодносот со бројот на раѓања и умирања, тоа значи диспропорција во територијалниот распоред на населението, внатрешните миграции исто влијаат, помалку деца во образованието, поголемо внимание на пензиските фондови итн, рече Симовски.

Слични содржини