331
Министерот за економија, Крешник Бектеши информираше дека одлуката за замрзнување на основните прехранбени артикли е веќе објавена во Службен весник.
-Од утре инспекторите на ДПИ ќе направи контроли за цените во маркетите. Чекаме неделава дополнителни информации од страна на Заводот на статистика и за други производи, во делот на зголемувањето за месец ноември. Ако покажат податоците, а граѓаните го чувствуваат тоа, ќе ја прошириме листата. Со тоа најверојатно ќе бидат опфатени и јајцата, оризот, но и макароните и тестенините. Одлуката ќе биде донесена најдоцна на следната седница на Владата. Ако ги имаме податоците во среда и четврток, Владата може да свика седница и пред тоа, рече Бектеши во емисијата „Топ тема“.