Заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар истакна дека американската администрација силно ѝ се заблагодарува на Македонија за силната посветеност на земјата кон НАТО.
-Се надевам дека ќе ја продлабочиме соработката. Исто така се надевам дека во многу брзо време ќе влезете во ЕУ. Заслужувате да бидете дел од европскиот блок. Завршивте неколку добри реформи што ве квалификуваат за да го почнете процесот, наведе Ескобар во интервју за емисијата „360“.
Во однос на политичките турбуленции и најавената оставка на премиерот Заев, Ескобар посочува дека која било Влада во Македонија, ако го продолжи досегашниот пат на земјава, ќе продолжи да ја имаат нивната поддршка како стратешки партнер.
-Македонија е одличен пример за мултиетничка хармонија, одличен пример за мирно и ефикасно интегрирање во евроатланските институции и исто така, сте модел за спроведување на мирни, фер и слободни избори. Затоа, вие ни требате тоа да го извезете во регионот, констатира Ескобар.