320
Минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари, после Нова година, информираше Министерот за економија, Крешник Бектеши „Топ тема“.
-Платите не стојат. Во 2016 година просечната беше 22.000-23.000 денари, а сега е 28.820 денари и ќе се зголемува во континуитет. Зголемување на платите имаме и во образованието, здравството, приватниот сектор. Само мининалната плата е зголемена за 100 отсто за четири години, колку што не е направено со години наназад, рече Бектеши.
Тој напомене адека нивото на невработеност е помало од 16%.
-Во 2017 беше 24%. Минималната плата од 9 се искачи на 15,200 денари и ова е од кога сум јас министер за економија, рече Бектеши.