Тачи за новото мнозинство: Важно е да се знае дека Албанците не добиваат, а Македонците не губат позиции

од Берта Китинска
495 прегледи

Долго траеше не баш глатко, вака го опиша вчерашниот состанок со коалициските партнери кој се одржа вчера со премиерот Зоран Заев во врска со влегувањето на Алтернатива во Владата, во Утрински Брифинг, претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи.

-Добрата вест е што сегашното мнозинство обезбедеи стабилно мнозинство и тоа е добра вест за граѓаните и за процесот.Кога се прават договори, секој си го толкува договорт како што сака. Мене ми е важно да се знае дека Албанците не добиваат, а Македонците не губат позиции. Некои велат дека Алтернатива зеле многу места, но тоа не е точно. Далеку сме од оној процент што е договорен од Охридскиот договор. Сега имаме стабилна Влада и стабилни институции, вели Тачи.

Претседателот на ДПА вели дека се Заев има намера да си замине од позицијата, но тоа ќе зависи од ситуацијата со Бугарија и нејзиниот развој. Тој очекува дека набргу владиното мнозинство може да стигне до 70 пратеници.

Тачи додава дека нема да има посебни кадровски промени во институциите оти тоа нѐ враќа во некои други партизирани времиња. Тој смета дека ДУИ почнува да ја губи моќта и дека ние не смееме да градиме паралелни општества.

Слични содржини