Заев со честитки до Шолц: „Верувам партнерството помеѓу Германија и С.Македонија ќе се интензивира”

од Milan1
200 прегледи

Премиерот Зоран Заев преку својот Твитер профил упати честитки до ново избраниот германски канцелар Олаф Шолц.

„Искрени честитки до новиот германски канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц. Во изминативе години ја продлабочивме соработката со Германија, како наш искрен и стратешки партнер. Верувам партнерството помеѓу Германија и Северна Македонија  ќе се интензивира и надгради“ напиша Премиерот Заев на Твитер.