Чави пред натпреварот во Минхен најави дека Барселона ќе оди на победа против Баерн. Тоа беше единственото сценарио според кое Каталонците можеа да се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампионите, но беше и крајно нереално, што на крајот се покажа како убедлив пораз од Баварците (3:0). Тимот на Чави со тоа испадна од Лигата на шампионите и во продолжението од сезоната ќе игра во Лигата на Европа.
За прв пат од сезоната 2003/2004. Барселона ќе игра во Лига Европа, а на Каталонците не им преостанува ништо друго освен да се консолидираат, со оглед на тоа што последен пат загубија во групната фаза од Лигата на шампионите пред точно 20 години.
„Денес беа подобри, супериорни. Се обидовме, силно ги притискавме. Во првиот дел имаа повеќе од играта и не совладаа. Ова е нашата сурова реалност. Денеска започнува нова етапа. Мораме да бараме повеќе од себе, да имаме поголеми очекувања. Овој пораз може да биде наша пресвртница и можност да смениме многу работи“, искрено изјави Чави.
Тренерот на Барселона смета дека Лига Европа е моменталната реалност на неговите играчи.
„Ќе се соочиме со реалноста и ќе бидеме достоинствени. Ќе работиме да ја доведеме Барселона на нивото на кое заслужува да биде, а тоа не е Лига Европа. Сепак, Лигата на Европа е нашата реалност во моментов. Треба да се помириме со тој факт“, недвосмислен е младиот тренер.
Сепак тој не бега од одговорност.
„Различни околности доведоа до ова вечерва. Ја преземам одговорноста. Мислев дека можеме да поминеме, но не успеавме. Повторувам, ќе работиме напорно за да ја ставиме Барселона онаму каде што заслужува“, изјави Чави, кој верува дека неговите играчи можат да ја освојат Лигата на Европа.
„Мораме да се обидеме да ја освоиме Лигата на Европа. Тоа е нашата цел“, јасен е Чави.