Скопјани за 24 часа испратиле 51 барање до Град Скопје

од Берта Китинска
185 прегледи

Активно функционира електронската адреса за комуникација на Град Скопје со граѓаните [email protected] како дел од програмата за отворен град 24 часа. Во првите 24 часа до Градот се испрати 51 барање од граѓани и истите се процесирани од градската администрација.

-Преку новата електронска адреса, граѓаните пријавуваат проблеми и барања до Град Скопје, а најголем број од нивните пријави се однесуваат на проблеми  поврзани со сообраќајот, инфраструктура, комунална хигиена,  како и барања за поголема ажурност на секторските одделенија даноци, урбанизам и целокупната градска администрација. Голем дел од барањата на граѓаните се веќе решени, а преостанатите се во процес на решавање.  Градот Скопје на овој начин овозможува подобри услуги за граѓаните, транспарентност во работата, преку целосно дигитализирана администрација која ќе биде во служба на граѓаните, соопштија од Град Скопје.