Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артим Груби се надеваат на конструктивен пристап од бугарска страна.
– Апсолутно постои оптимизам за преговори и за добивање позитивен сигнал на декемврискиот самит на ЕУ за отпочнување на преговори за нас и за Албанија во првите месеци од следната година Ние работиме, одговорите на нивните барања се веќе испратени и може да се разговара по однос на тие одговори со новата Влада во соседна Бугарија и се надевам дека конструктивно ќе пристапиме и ќе ги решиме сите отворени прашања затоа што очекуваме конструктивен пристап и од нашите бугарски колеги, рече Груби.
Во врска со тоа како ја толкува вчерашната порака од Бугарија дека нема да се промени нивниот став, Груби кажа: „Имаме нова влада која треба да се избере. Ќе комунуцираме со новата влада, која е резултат од изборите коишто само што завршија во соседна Бугарија и се надеваме на тој конструктивен пристап затоа што кај нас има лодготвеност за компромис којшто е достоинствен и за нашата земја посебно за моите сограѓани Македонци“.