Во Виена, која одлучи за внимателно укинување на „локдаунот“, има голем број нелогичности во одлуката за прекинување на заклучувањето.
Така, од 13 декември, борделите ќе можат повторно да работат, а гастрономијата и угостителството мора да почекаат до 20 декември.
Претседателката на Асоцијацијата на австриски хотелиери, Михаела Рајтерер, ја опиша како погрешна одлуката на властите во Виена да ги заклучат угостителството и хотелите една недела, пишува „Кликс“.
Таа посочи дека правилото „2G“ не функционира како во угостителството и хотелиерството.
И лидерот на Австриската Партија на слободата (ФПО) во Виена, Доминик Неп, не може да разбере дека борделите можат да ги отворат вратите една недела пред угостителството.
Со одлуката на виенските власти од 13 декември повторно се отвораат продавниците, но и услужните дејности, кои, според мислењето на властите, вклучуваат и бордели.