Предупредување од Русија: Ако вака продолжи, постои ризик од повторување на Кубанската ракетна криза

од Nikola Popovski
305 прегледи

Русија смета дека постои можност да се повтори Кубанската ракетна криза, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

„Тоа може да се случи. Ако, како што може да се каже, колегите од другата страна не го разберат тоа и ако сè продолжи да оди како порано, според логиката на развојот на настаните, може наеднаш да се разбудиме и да се најдеме во нешто слично. Тоа би било општ неуспех на дипломатијата, но се уште имаме време да се обидеме да постигнеме договор на разумна основа“, рече Рјабков.

Како што појасни, ситуацијата е влошена поради прекршувањето на обврската за спречување воени активности во близина на руските граници, што сега е се позабележливо.

„Предлагаме разумна алтернатива на она што се случува. Правните гаранции можат да се формулираат на различни начини, но тие треба да бидат гаранции во форма на договори, а не ветувања, не некои зборови, сето тоа сме го поминале многупати… На нас ни требаат гаранции за нашата безбедност – безбедност во глобална смисла, „Не во конкретен сегмент, туку генерално, со оглед на тоа што состојбата навистина ни се влоши“, посочи дипломатот.

Москва никому не се заканува, повтори Рјабков, но го предупредува Западот за последиците од нивните непријателски чекори.

„Не остана никаков инструмент во американската надворешна политика против Русија освен уцени, закани и санкции, но тоа не е јазикот што го разбираме. Мораме да покажеме цврстина, што се случува и сега“, рече рускиот дипломат.

По виртуелниот самит на претседателите на САД и Русија, Белата куќа објави дека претседателот на САД, Џо Бајден не му дал гаранција на Путин дека Украина ќе остане надвор од НАТО.

Карипската криза (Кубанската ракетна криза) го доведе светот на работ на нуклеарна војна во 1962 година.

Фото:  TASS