Денес е само месец дена откако сум на функција. Голем број од градоначалниците што стапија на функција дојдоа две недели пред мене и тие се лидери на помали општини. Сметам дека јас со мојот однос сум спротивност на мојот претходник, изјави градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска во гостувањето на емисијата „Само интервју“, давајќи одговор на прашањето зошто е помалку присутна во јавноста и зошто не е достапна за новинарите.
Таа информира дека сака да постави поинаков начин на соработка.
-Веќе од следната недела ќе има редовни контакти со медиумите преку брифинзи и прес-конференции. За мене човек можеби не е тоа што го очекувал, но најважно од се е дека не сакам да излегувам во јавноста и да бидам напаѓана за работи, за кои немам конкретен одгвор. Нормално е дека за месец дена да немам одговори на сите прашања, истакна Арсовска.