Евертон е се поблиску до договор за привлекување на играчот од средниот ред на Јувентус, Арон Ремзи. Менаџерот Рафа Бенитез сака да додаде класа во својот тим во јануари и верува дека велшкиот репрезентативец има квалитети да го подигне нивото на тимот. Затоа клубот веќе работи на негово привлекување на „Гудисон Парк“, пишува „Calchomercato“.
Ремзи никогаш не успеа да го достигне својот целосен потенцијал во Јувентус откако пристигна во клубот како слободен играч пред две години. Го прогонуваа и повредите кои исто така го спречија да ја пронајде својата најдобра форма. Фудбалерот од средниот ред не е дел од плановите на Масимилијано Алегри и сака да се врати во Премиер лигата, па таквата зделка може да биде од корист за сите инволвирани страни.
Евертон веќе стапил во контакт со агентот на играчот и ги започнал првичните разговори за таков трансфер, а досега добиле позитивен одговор. Сепак, „карамелите“ допрва треба да преговараат за условите на договорот со шефовите на Јувентус.
Евертон може да има конкуренција во битката за Ремзи. За 30-годишниот фудбалер е заинтересиран и Њукасл.