„Нема исклучоци“: Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира доколку сака да настапи на Австралија Опен!

од Nikola Popovski
301 прегледи

Сагата околу Новак Ѓоковиќ и Австралија Опен трае со месеци, а се чини дека нема да има крај до почетокот на првиот Грен слем сезонава! Најдобриот светски тенисер е на удар на тамошните локални власти поради неговиот нејасен статус околу вакцинацијата, а постојано трпи притисоци и критики од сите страни.

Во Мелбурн со денови се шпекулира дали најдобриот АТП рекет ќе го брани пехарот на првиот Грен слем сезонава.

Се појавија информации за таканаречениот „медицински исклучок“, но премиерот на Австралија, Скот Морисон, ги прекина сите шпекулации, објавувајќи дека нема ништо од тоа.

– Одлуките за медицински исклучок од вакцинација ги носат медицински лица, а не политичари. Ѓоковиќ ќе мора да ги следи истите правила како и секој друг. Нема посебни правила за тенисерите или за кој било. Тоа се правила кои важат за сите и се поставени од Владата на Викторија и Австралија Опен, тоа се нивни правила – изјави Морисон.

Несомнено е дека Ѓоковиќ ќе мора да приложи доказ за вакцинација, ако примил, а ако не, треба да прими барем една доза Џонсон и Џонсон, или двете од друг производител, најдоцна седум дена пред почетокот на турнирот.

Водечкиот човек на австралискиот тенис нагласува дека пријавата на Ѓоковиќ за учество во Мелбурн не значи ништо, односно дека тој не гарантира дека српскиот ас ќе биде во главниот ждреб на натпреварувањето.

Слични содржини