Филипче вели доста е од политика, се враќа на својата професија

од Берта Китинска
203 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека веднаш по изборот на новата Влада, ќе се врати на својата основна професија, на Клиниката за неврохирургија.

„Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика. Веднаш по завршување на владината реконструкција, се враќам на мојата основна професија како неврохрируг во Клиничкиот Центар“, рече  Филипче во изјава за ТВ 24.

Прашан дали размислува за амбасадорско место или друг ангажман во политиката, тој посочи дека такво нешто не е опција.

„Засега не размислувам во таа насока. Сметам дека најмногу можам да придонесам во здравство преку мојата професија“, одговори министерот Филипче.

Филипче заминува од оваа функција откако беше формирано парламентарно мнозинство заедно со политичката партија Алтернатива. Согласно договорот Заев-Гаши, токму кадар на оваа партија ќе го раководи министерството за здравство во новата влада.

Заев кажа дека сега Филипче ќе стане поголем другар со него и оти ќе имаат време да се посветат на страста на возење мотори.

-Новите министри и новата влада нема да дојдат со мене како премиер, ќе дојдат со нов иден премиер на владата. Делот на здравство министерот Венко Филипче сега ќе стане подругар со мене, ќе имаме повеќе време да возиме мотори. Затоа што кога работите, немате време за тоа. Тоа е мој пријател, покрај тоа што е соработник. Како неврохирург може да биде корисен за здравјето, но има одлични знаење кои може да бидат употребени во периодот на општествено ниво. Доколку новите кадри кои доаѓаат и новиот премиер не сметаат на него, јас сметам на него, рече Заев.

Слични содржини