Утрово е пронајдено телото на десегодишното девојче кое од вчера се бараше откако исчезна во надојдената река Драгоња. Девојчето од Турција паднало во надојдената река на границата меѓу Хрватска и Словенија кога таа и нејзината мајка се обиделе да преминат на словенечка територија.
„Телото на девојчето е пронајдено во вода на место на околу 400 метри низводно од местото на исчезнувањето, а го пронашле припадници на Истарската полициска интервентна служба“, изјави портпаролката на истарската полиција Сузана Сокач, која изрази сочувство до семејството на во име на полицијата.
Девојчето било одвлечено од порој кога со мајка и се обидела да ја помине реката и да дојде во Словенија. Мајката се претпоставува дека го држела девојчето во раце додека ја преминувало Драгоња. Инаку, според првите информации девојчето било лице со попреченост, реката го одвлекла, а исцрпената мајка немала сили да ја спаси.
Мајката била извлечена од полицаецот Маурицио Прелац од полициската станица Бује, како и еден словенечки полицаец и еден локален жител. Таа вчера била сместена во болницата во Пула, од каде набрзо била пуштена. Откако полицајците ја интервјуирале, таа побарала азил за себе и за своите деца и во текот на ноќта била пренесена во меѓународното засолниште во Загреб.