252
Од АД МЕПСО информираат дека сите дефекти во преносната мрежа се отстранети и е обезбедено редовно напојување со електрична енергија.
-На овој начин нормализирано е снабдувањето со електрична енергија за жителите на Дебар, Ресен, Охрид и Струга, и околните населени места откако претпладнево поради невремето и снежните врнежи без напон останаа 110кV далекувод Вруток шпиље и 110кV далекувод Битола Ресен, соопштија од АД МЕПСО.