Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за словенечкиот весник „Дело“ посочува на дека прашањето со Бугарија мора да се решава низ призмата на европските вредности и принципи.
-Прашањето со Бугарија мора да се решава низ призмата на европските вредности и принципи.Верувам дека проблемот со Бугарија може да се реши низ директен дијалог. Но, она што за нас е важно е тој дијалог да се темели на европски вредности и принципи, а не на основа “кој е посилен” или пак кој е член на Унијата, а кој не е.Ние сме спремни за дијалог и веќе разговараме за отворените прашања, но исто така сме спремни тие отворени прашања да ги третираме и во текот на преговорите со ЕУ. Но, во никој случај не сме спремни да се откажеме од македонскиот јазик и од нашиот идентитет, вели Маричиќ.