Др.Кожухарова: Четвртиот бран стивнува, во Бугарија е вакцинирано 30 отсто од населението

од Берта Китинска
203 прегледи

Во Бугарија е вакцинирано 30 отсто од населението.Можеме да веруваме дека четвртиот бран стивнува. Смртноста опаѓа, но останува висока поради лошата здравствена состојба на Бугарите, проблемите во здравствениот систем. Во Бугарија случаите кои завршуваат фатално се невакцинирани и се изложени на ризик.Ова за БНР го изјави епидемиологот проф. Мира Кожухарова, советник на министерот за здравство.

Таа објасни дека во Бугарија се уште нема официјално регистриран случај на сојот омикрон.

Познатиот бугарски епидемиолог ја изрази својата загриженост дека новиот сој омикрон забрзано расте и додаде дека кога има голем број заразени, секогаш има потешки случаи. Затоа Кожухарова ги повика луѓето повеќе да се вакцинираат.

Таа го коментираше и одбивањето на бугарските пратеници да не се влегува во Народното собрание на Бугарија со зелен сертификат, оценувајќи дека епидемиолошкиот ризик воопшто не е мал и додаде дека оваа мерка треба да важи подеднакво за сите граѓани на земјата.

Слични содржини