Кога Владимир Путин ја изгубил работата во градското собрание во Санкт Петербург , повремено морал да работи како таксист за да заработи за живот.
За тоа Путин зборуваше во филмот „Поновата историја“, кој беше прикажан на ТВ каналот „Русија 24“.
Путин останал без работа бидејќи неговиот поранешен шеф, професорот Анатолиј Собчак, ги загубил изборите за градоначалник на Санкт Петербург.
Во тимот на Собчак во градската управа на Санкт Петербург, Путин ја водел меѓународната соработка во Санкт Петербург. Во градското собрание во Санкт Петербург, Путин запознал млади, способни луѓе, меѓу кои и Дмитриј Медведев, кого подоцна го префрли во Москва. Луѓе на кои им верувал од во тоа време и тие подоцна заземаа значајни функции во големи државни компании.
Поради добрите односи со луѓето во претседателската администрација, на Путин му била понудена работа и се преселил во Москва.
Тој бил предложен од Павел Боридин, кој бил задолжен за економските прашања во претседателската администрација.
Освен Бородин, на Путин во тоа време му помагале и неговите сонародници од Санкт Петербург кои веќе работеле во претседателската администрација и биле моќни луѓе, а тоа се Анатолиј Чубаис и Алексеј Кудрин.
Путин брзо напредувал, бидејќи за време на владеењето на Елцин се здобил со репутација на доверлив и вреден човек.
Тој беше шеф на КГБ, потоа кратко време премиер и на крајот наследник на Елцин.