Трајанов: Кога ќе се етаблира власта помалите коалициони партнери никој не ги прашува за ништо

од Берта Китинска
354 прегледи

Помалите партии на изборите губат од 100 до 120 ијади гласови. Идејата е Македонија да биде една изборна единица и така да се надмине еднопартискиот систем. Оти една партија сака кога ќе освои мнозинство е комотна и не го спроведва она што го ветила, вели Павле Трајанов од Демократски сојуз за Утрински брифинг.

Сепак, во меѓувреме изборите се демократизираа и преку коалиции, а победникот има еден или двајца пратеници мнозинство.

-Во јавноста е познато дека големите партии прават коалиции со помалите, но кога ќе се етаблира власта помалите никој не ги прашува за ништо, вели тој додавајќи: Ако малите партии сами настапуваат на изборите ќе биде попринципиелно и полегитимно да одлучуваат за своите постапки.

-Така можеше легитимно да се урне владата на Заев, а не како Беса која неправедно имаше четири пратеника и го направи тоа што го направи. Ние, пак, мислиме и на државата и затоа не се приклучивме на таа иницијатива, вели Трајанов.

Слични содржини