Германската влада ја повика ЕУ да воведе санкции против Додик

од Nikola Popovski
305 прегледи

Германската влада денеска ја повика Европската Унија да воведе санкции за членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Според Ројтерс, обидите на Додик да ја одвои Република Српска од вооружените сили на БиХ, судството и даночниот систем се неприфатливи за Германија.

– Неговите обиди за отцепување се неприфатливи, што исто така значи дека сегашниот режим на санкции сега треба да се користи против господинот Додик, за што се залагав овде (во Брисел) – изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, по средбата со колегите во Брисел.

Бербок ги повтори коментарите на нејзиниот претходник, поранешниот министер за надворешни работи Хајко Маса, еден ден пред да се состанат министрите на ЕУ за да разговараат за ситуацијата во БиХ.

Лидерите на ЕУ подетално ќе разговараат за ситуацијата на Балканот на самитот на европскиот блок со нивните источни соседи во среда, додава британската агенција.