Арсовска: Не сум политичарка, немам амбиции за премиерка

од Nikola Popovski
212 прегледи

Веќе започна проектот „Скопје отворен град 24 часа“, кој на граѓаните ќе им овозможи трајно достапна градска администрација. Во сите градски институции се поставуваат пристапни рампи за лицата со посебни потреби. Исто така, веќе е во процес и формирањето на Советот за поддршка на женското претприемништво. Почнува периодот на приспособување кон реализацијата на проектот бесплатен јавен превоз, кој ќе се одвива етапно, како и реализација на инфраструктурни проекти, информира градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска за дел од своите проекти во интервју за српска „Политика“.

На прашањето дали се гледа себе на премиерската функција, Арсовска вели дека „не е политичар“.

-Јас не сум политичарка, немам таква амбиција. На Скопје му треба менаџер, моето искуство и знаење ќе го насочам кон тоа да станат видливи политики засновани на интегритет и работа за доброто на сите граѓани, истакнува Арсовска.

Градоначалничката уште еднаш го потврдила ставот има план за намалување на цените на паркинг услугите за 25%.

Слични содржини