Премиерот Зоран Заев во телефонски разговор му го честиташе изборот на Кирил Петков за претседател на Владата на Бугарија.
-На колегата Кирил Петков му го честитав изборот за претседател на Министерскиот совет на Република Бугарија.Во телефонскиот разговор на премиерот Петков му посакав успешен мандат и остварување на сите приоритети утврдени во програмата на неговата Влада, а со цел добробит и просперитет на бугарската држава и бугарските граѓани.Во разговорот изразивме подготвеност да ја забрзаме нашата комуникација и соработка низ повеќе работни групи во областите на економијата, културата, здравството, енергетиката, инфраструктурата и други области од интерес на македонските и на бугарските граѓани. Се согласивме да продолжиме да работиме на изнаоѓање прифатливо решение за деблокирање на постапката за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ и за нов позитивен импулс за зајакнување на билатералните односи меѓу нашите две земји, во име на заедничката европска иднина, напиша Заев на Фејсбук.