Новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски ја сподели својата биографија по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека на Харвард завршил само курс.
-За време на кампањата на внатрепартиските избори воопшто не зборував за моето образование и професионалните усовршувања. Денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое намерно се изнесуваат невистини, ме принудува да го споделам моето резиме, а со тоа и вистината за образованието и вештините кои ги имам стекнато во животот. Тие се транспарентно објавени на повеќе места на интернет, вклучително и на сајтот на Министерството за финансии. Како што пишува, имам стручно усовршување на Харвард, а такви усовршувања имам уште на три други универзитети во Ротердам, Барселона и Минхен. Точно стои каде сум дипломирал, магистрирал и докторирал, пишува Ковачевски споделувајќи го линкот од својата биографија.
Претседателот на СДСМ во изјава за „Локлано“ кажа дека опозициските обвинувања се смешни бидејќи информациите за завршеното образование се лесно достапни за проверка.
-Навистина делува смешен обидот на ВМРО-ДПМНЕ да изнесува лаги за нешто што многу лесно се проверува. Моете резиме е достапно на повеќе места на интернет, вклучително и на сајтот на Министерството за финансии. Таму јасно пишува дека имам стручно усовршување на Харвард, а такви усовршувања имам уште на три други универзитети во Ротердам, Барселона и Минхен, вели лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски за „Локално“.
„Точно стои каде сум дипломирал, магистрирал и докторирал. Можеби ВМРО-ДПМНЕ не знае да го толкува ваквото резиме или не се сретнале досега со ваков тип на едукација па им е чудно“, додава Ковачевски.