На разговорите на владините коалициски партнери се зборувало за Македонија како една изборна единица, но тоа е како бонбонче со кое што не лажат двете големи партии со години наназад, вели лидерот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов во емисијата „Само вистина“.
Тој додава дека доколку постоела искрена волја, тоа ќе се случело и без долен праг.
-Ако биде 5%, ако биде висок, ние ништо не сме направиле малите партии. СДСМ даде навидум поддршка, тоа влезе во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ не даде поддршка и затоа сметам дека мора двете големи партии да се договорат. Невозможно е да се освојат 9000 гласови во една изборна единица. Влегувањето на пратеници од малите партии, значително ќе го усложни процесот на формирањето на Владата, но токму тоа и е потребно на Македонија, да влезат различни луѓе, посочува Ангелов.