Се преврте брод со мигранти, има мртви

од Milan1
215 прегледи

Пронајдени се телата на 10 жртви од денешното превртување на бродот што превезувал бегалци, соопштија поморските власти на Малезија.

Во соопштението се наведува дека 21 лице е спасено од вкупно 60, за кои се верува дека биле во бродот што утрово околу 4:30 часот се преврте во близина на брегот на државата Џохор на југот на Малезија, поради лошото време.

Преживеаните од бродоломот и бродот се пронајдени на плажата во Танјунг Балау, а Малезиската поморска агенција потврди дека се започнати операции за спасување и потрага по исчезнатите.

Слични содржини